Мијатовиќ: Неприфатливо е прислушување на новинари

Од:

Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска повика на брза истрага за прислушувањето на македонските новинари.

“Прислушување и следење на новинари е неприфатливо. Ова само дополнително ја слабее веќе загрозената слобода на медиумите”, изјави Мијатовиќ.

Дел од новинарите од СДСМ добија транскрипти од прислушуваните разговори.

“Ова е тешка повреда на правата на новинарите да ја завршат својата работа и да ги заштитат своите извори. Ова мора да се испита во брз, транспарентен и независен процес, а нарачателите на прислушувањето мора да бидат изведени пред лицето на правдата”, рече Мијатовиќ.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите потенцира дека ќе ги набљудува случувањата.

Би можело да ве интересира

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов

Израел треба да ги знае правилата на војување, бројките на убиени цивили во Газа се страшни, смета Лавров

Орце Костов