Мијалков со нова жалба до Апелација ќе ја бара слободата, Кривичен одредил притвор поради контакти со странски служби

Од:

Сашо Мијалков бара да биде ослободен од притвор преку нова жалба до Кривичниот совет на Апелација. Ова доаѓа откако вчера од второстепениот суд му беше укинат притворот за случајот „Трезор“, а по неколку часа, првостепениот суд му одреди нов притвор од триесет дена за случајот „Плацови на Водно“ каде е осуден. Адвокатот Петар Василев кој го застапува Мијалков посочува дека неговиот клиент не бил повикан да се произнесе за предложениот притвор и тоа го опиша како немање доблест на судот бидејќи иако го одобриле, предлогот бил неоснован и непотребен.

„Во овој контекст се создава неконзистентна правна пракса. Не може ставот на повисок суд да не биде ценет од понизок суд. Тоа е спротивно на Европската конвенција за човекови права. Ќе ги преземеме сите правни работи за оваа работа да ја истераме на чистина. По повод жалбата која е поднесена денеска, убедени сме дека Апелација ќе остане на својот став бидејќи по предлогот на јавниот обвинител, апсолвирани се прашањата за бегството, недостапноста и во врска со тоа дека поради тоа што Милјаков имал голем имот во Македонија и надвор од неа можел да се даде во бегство. Судот имотот кој што е влезен во гаранцијата која е запишана и правосилна, каде се обезбедуваат плати и придонеси на повеќе од 350 вработени и семејства, го цени како можност за бегство, а не како можност дека токму поради тој бизнис нема ниту намера да се даде во бегство“, рече Петар Василев.

Адвокатот Sвонко Давидовиќ вели дека сега кон Мијалков се применети сите мерки за обезбедување присуство – притвор, гаранција, повремено пријавување во суд, одземена патна исправа. Тој вели дека имотот на Мијалков ќе остане под хипотека, затоа што решението на Апелација не може да се укине.

„Мијалков беше држен во притвор неколку часа без да има активна мерка. Во 14 часот беше впишана гаранцијата во Агенција за катастар, а во 21 часот беше донесено новото решение на Кривичниот суд, во кое стои дека поради контакти со странски разузнавачи и особено со Израелската тајна служба, постои опасност од бегство. Некако Кривичниот суд посочува странска држава и служба дека може да учествува во кривично дело. Нема доказ за контакти“, кажа Давидовиќ.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков