Мијалков сепак излегува од притвор

Од:

Сашо Мијалков сепак излегува од притвор. Уважена е неговата жалба од Апелација, откако Кривичниот суд му одреди мерка притвор за „Плацови на Водно“. Засега не е познато дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет или пак некои од членовите барале место нив да одлучи нивната замена. Сега, затворот „Скопје“ во Шутка треба да ја добие одлуката, по што, веќе вечерва Мијалков треба да биде дома. Одлуката на судиите значи дека тие сметаат дека Мијалков нема да избега ако биде на слобода.

„Пуштено е решението во првостепениот суд. Жалбата е уважена, укината е мерката притворот“, велат од Апелација за „А1он“.

Инаку, Вишото јавно обвинителство доставило предлог да се одбие жалбата на Мијалков за определениот притвор за „Плацови на Водно“. Нему, и натаму е активна и одлуката да се ослободи од притвор со хипотека на имот вреден 11.106.501 евра.

„Вишото јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд денеска достави предлог да се одбие Жалбата на обвинетиот Мијалков за определениот притвор во предметот Плацови на Водно“, велат оттаму за „А1он“

Инаку, „А1он“ пишуваше дека судиите на Апелација, Тања Милева, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов кои пред пет дена донесоа решение дека Сашо Мијалков може да излезе од притвор со хипотека на имот вреден 11.106.501 евра, се истите кои во јуни му ја одбија гаранцијата која се состоеше скоро од истиот имот и тежеше 10.871.170 евра. Не е познато дали овој состав повторно одлучувал.

Ако во јуни, во образложението на решението е наведено дека постои реална опасност Мијалков да избега доколку се брани од слобода, со посочување дека еднаш не бил достапен 24 часа за да биде спроведен на издржување мерка притвор, сега овој аргумент на тројцата судии исто така го нема. Сега, во решението донесено пред два дена, стои дека тој има потесно семејство во кое е родител, дека е познат и со утврден идентитет, се цени тежината на делото. Разликата помеѓу двете одлуки е и тоа што овојпат, истите судии, за разлика од претходно, не го земале во предвид фактот дека Мијалков има две неправосилни осудителни пресуди за предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“, со вкупно 20 годишна затворска казна. Не се цени ниту дека против него се водат и други кривични предмети.

Имотот сопственост на фирмите на Сашо Мијалков и син му Јордан, но и фирмата каде ко-сопственик е Александар Ивановски-Теранова кој сведочеше во „Плацови на Водно“, а вреден 11,1 милион е гаранцијата со која ексдиректорот на УБК, ја доби својата слобода.

Би можело да ве интересира

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Апелација укина пресуда за Мијалков со која требаше да лежи 8 години во затвор и во буџетот да се вратат 860 илјади евра

Кристијан Ландов

Од 13 години затвор, се испазари за три: Државата зема имот од 30 милиони евра на Мијалков, а не знае како го стекнал

Кристијан Ландов

Мијалков фати корона откако излезе од притвор, поради него се одложи судењето за „Плацови на Водно“

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дисциплинска за полицајците кои ги туркаа новинарите

Кристијан Ландов