Бензински пумпи, апартмани, станови, земјишта – кој гарантира дека Сашо Мијалков нема да избега?

Од:

Имотот сопственост на фирмите на Сашо Мијалков и син му Јордан, но и фирмата каде ко-сопственик е Александар Ивановски-Теранова кој сведочеше во „Плацови на Водно“, а вреден 11,1 милион е гаранцијата со која ексдиректорот на УБК, ја доби својата слобода. Скоро истиот имот, беше понуден како гаранција во јуни, со вредност од 10.8 илјади евра, но тогаш Апелација не прифати да биде под хипотека за да Мијалков се брани од слобода. Најголема гаранција има дадено фирмата „Бест веј инвесмент“ ДОО Скопје, која беше отворена во 2015 година од тогаш 21-годишниот Јордан и малолетниот Александар, синови на Мијалков. Во гаранцијата има апартмани во „Мериот“, станови, градежни земјишта, бензиска станица, депо за нафтерни деривати.

dobivaj vesti na viber

Првата фирма, чиј назив е непознат, гарантира со три деловни простори вредни 387.646 евра. Тајна се и адресите каде се наоѓаат овие објекти. Втората фирма е „Спин груп“, дознава „А1он“. Таа и претходно гарантираше за слободата на Сашо Мијалков, а сопственик е лично тој. Фирмата во залог става стан од 72 квадрати во Скопје, друг стан од 53 квадрати во Скопје и подземна гаража од 24 квадрати. Овој имот е вреден 169.163 евра. Дејност од која фирмата остварува приходи е подготовка и послужување со пијалаци.

Третата фирма е „Бест веј инвестмент ДОО Скопје“ која тргува со моторни горива. Таа гарантира со апартман и гаражни места во хотелскиот комплекс „Мериот“. Под хипотека се ставени апартман од 259 квадрати, тераси од 27 квадрати, помошна просторија од 35 квадрати, како и градежни места во затворен простор од 64 квадрати. Истата компанија, како гаранција, дала и бензиска станица, депо за нафтени деривати, големи канцелариски простории од 463 квадрати, втори канцелариски простории од 173 квадрати, трети канцелариски простории од 39 квадрати, четврти канцелариски простории од 58 квадрати. Меѓу другото, оваа компанија која ја дала и најголемата гаранција, под хипотека ставила и земјиште под зграда од 923.442 квадрати. Овој имот е проценет на вредност од 5.5 милиони евра.

Гарантира и фирмата „Дивелоп груп ДОО“, каде косопственик е Александар Ивановски познат како Алек Теранова, кој сведочеше во предметот „Плацови на Водно“. Уште еден сопственик на оваа фирма е „Бест веј инвестмент ДОО Скопје“, сопственост на Јордан Мијалков. Компанијата во нејзина сопственост има градежно неизградено земјиште кое е под залог, а вредно 4.775.117,00 евра.

И последен имот кој бил понуден и прифатен како гаранција е сопственост на физичко лице, чиј идентитет засега не е познат. Станува збор за градежно земјиште од 753 квадрати и второ градежно земјиште со површина од 4932 квадрати. Вкупната вредност на овој имот е 235.332 евра.

Во Катастар за недвижнини, хипотеката врз овој имот останува запишана, иако Сашо Мијалков останува во притвор. Тоа е така бидејќи на одлуката од Апелација не може да се поднесе жалба, а тројцата судии од второстепениот суд го ослободија Мијалков од притвор. Истовремено, истиот ден, неколку часа подоцна, судии од Кривичниот суд одлучија дека Мијалков треба да остане во притвор, па му одредија нови 30-дена поради опасност од бегство.

„А1он“ и во јуни, кога беше одбиена гаранцијата на Сашо Мијалков од Апелација, пишуваше за тогашната гаранција со која бараше да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка.

Би можело да ве интересира

На Мијалков му одредија датум од кога ќе почне да преспива во струшкиот затвор

Кристијан Ландов

Денот кога Мијалков се согласил да оди три години во затвор, сменил живеалиште во Охрид, а затвор ќе лежи во Струга

Кристијан Ландов

Од 13 години затвор, се испазари за три: Државата зема имот од 30 милиони евра на Мијалков, а не знае како го стекнал

Кристијан Ландов

Се запленува имот на Сашо Мијалков за случајот „Империја“

Ландов

Каевски: Мицкоски го брани шефот Груевски, затоа молчи за црната листа на САД

Мијалков се жали што е на „црна листа“ во САД: Верувам дека ќе ја корегираат одлуката

Ландов