„Мијалков отишол по вакцини, ако нè сака ќе се врати“, на „Твитер“ опклади каде е ексдиректорот на УБК

Од:

Откако Сашо Мијалков стана лице недостапен за полицијата и другите органи на прогонот, а по него се трага, на социјалните мрежи се повеќе критики и иронични коментари. Мијалков го снема на само пет дена до изрекување на пресудата за „Таргет-Тврдина“, каде е првообвинет.

Споредувајќи го со азилантот Никола Груевски кој наместо во затвор, отиде во Будимпешта додека полицијата претресуваше возила, твитерџиите го прашуваат МВР дали провериле во багажниците на возилата при рутинските контроли.

Во гепек проверија?

„Не јадете г****, Мијалков замина по вакцини“, стои во друг твит.

„Работите излегоа од контрола. Јас сум во Чешка“ пишува на сликата.

„Глава оставам дека Мијалков е у Словачка“, пишува во уште еден од твитовите.

„Ако вистински не сакал, ќе се врати“, пишува во твит од корисник со име Мартиан.

Потсетувајќи се на случајот кога Миле Јанакиески доби затворски притвор поради опасност од бегство, а веднаш откако избега Груевски, твитерџиите со иронични коментари и на таа тема.

„30 дена притвор за Миле Јанакиески поради бегството на Мијалков“, пишува во твитот од Којотот.

„Сашо Мијалков не беше пронајден во својот дом. Приведен Миле Јанакиевски“, коментира корисник со потпишан како Аполо23.

Речиси и да не остана никој поштеден од критика, но и сарказам по веста дека никој не може да го лоцира Мијалков. На социјалните мрежи се споделуваат и монтирани фотографии од Мијалков во багажник од автомобил.

„Стварно Мијалков поминал граница без ПЦР тест? Е не е нормален!“, пишува Виктор Стевич.

„Ај да типуваме…Мијалков утре: “Работите излегоа од контрола, јас сум во:“, стои во друг твит.

„Реално, Мијалков го користи ваучерот за туризам од Заев“, се коментира на „Твитер“.

„Мијалков последно виден на автопат Тетово-Скопје како проверува двојазични табли со Артан Груби“, пишува во уште еден твит.

Би можело да ве интересира

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски