Мијалков не може да се снима со видео и аудио опрема, а куќата му е опколена со 20 полицајци

Од:

Обвинетиот Сашо Мијалков во “Таргет-Тврдина”, не се следи со видео и аудио надзор како што определи Кривичниот суд, туку издржува куќен притвор со физичко обезбедување. Министерството за внатрешни работи испратило известување до судот за неможноста да ги спроведат бараните мерки. Непознато е што тие одговориле . “А1он” дознава дека околу 20 припадници на полицијата во една смена, го чуваат објектот на Водно, каде Мијалков издржува притвор. Од МВР велат дека обвинетиот ексдиректор на УБК, нема ниту електрична алка за ГПС-следење, бидејќи полицијата нема таква опрема.

“Во врска со Вашите прашања, Ве известуваме дека СВР Скопје нема технички можности/опрема за видео и аудио надзор над почитувањето на мерката за што и соодветно е известен Основен суд Скопје 1. Решението се реализира со физичко обезбедување во текот на целот деноноќие, континуирани проверки, но и проверка на влез и излез на секој кој влегува и излегува од домот на Сашо Мијалков”, велат кратко од МВР.

Видео и аудио снимањето на Мијалков додека е во куќен притвор му беше одредено во замена затворски притвор. Иако избега и се бараше со меѓународна потерница, а потоа се врати и кажа дека бил во изолација, одлуката за обезбедување на присуство поради опасност од бегство – не се промени. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја повлече жалбата со која барашњ од Апелација определување на построга мерка, односно спроведување на Мијалков во истражен затвор каде би бил се до пресудата за “Таргет-Тврдина”, закажана за во петок.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник