Мијалков ќе куртули и во „Титаник 2“: Делото му застарува за четири месеци, судењето се одложи зошто не го донеле од Струга

Од:

Се одложи уште едно рочиште за „Титаник 2“, предмет каде обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Одлагањето беше со образложение дека Мијалков, не е спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“ по склучената спогодба.

„‘Титаник 2’“ кое рочиште беше одложено поради отсуство на обвинет бидејќи не е спроведен од затворот во Струга“, велат од Коалицијата за правично судење.

Наредба за спровод била уредно испратена до Кривичниот суд, но и уредно примена од страна на Управата на затворот. Сепак, кога судиите се обратиле зошто Мијалков не е спроведен, добиле одговор дека не добиле наредба.

Веќе извесно е дека Мијалков ќе се спаси од одговорност во овој предмет, каде се гони за дело „примање награда за противзаконито влијание“, а поради учество во изборни нерегуларности на изборите во 2013 година. Делото ќе му застари за нешто повеќе од четири месеци, а рочиштата постојано се одлагаат.

Апелација ја укина пресудата во декември 2019 година. Од тогаш до декември 2022 година предметот се суди уште во Кривичен суд. Ова би значело дека е скоро невозможно за четири месеци, пред делото на Мијалков да застари, да се донесе правосилна одлука судска одлука.

Би можело да ве интересира

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен