А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Михајловиќ: Вучиќ, Заев и Рама ќе разговараат во Србија за заеднички економски развој

by А1он25/09/2019 - 15:20735
Share0

Српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ апелираше денес до сите земји од Западен Балкан да создадат стратегија за заеднички економски развој на овие земји.

Следете a1on на Instagram Instagram

Михајловиќ додаде дека ова ќе биде една од темите на разговорите со лидерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама на почетокот на октомври во Белград, иницирана од српскиот претседател Александар Вучиќ на темата за формирање на таканаречениот Мал Шенген.

-Секоја од земјите од Западен Балкан сепак е мала за да привлече глобални инвеститори, без кои е невозможно да се обезбеди одржлив економски раст. Но, заедно можеме да бидеме поконкурентни, како кон ЕУ, така и на другите светски пазари. Ова јасно се покажа и во случајот со отворањето на новата фабрика на „Фолксваген“, оцени Михајловиќ во соопштението од нејзиниот кабинет.

Таа додаде дека тука не станува збор за создавање на некоја „нова Југославија“ или на „голем Балкан“, туку спроведување на чиста економска логика, која што може да обезбеди подобар живот за граѓаните.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Она што треба да го направи секој од нас е да ги отстраниме сите внатрешни царински и гранични бариери за транспорт на стоки и услуги помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, а во тоа можеме да имаме поддршка од Транспортната заедница, чие седиште неодамна беше отворено во Белград, кажа Михајловиќ.

Вицепремиерката Михајловиќ, кој истовремено е и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, оцени дека би било добро за сите земји од Западен Балкан да имаат усогласена инфраструктурна политика.

-Можеби првиот чекор во оваа насока би можел да биде формирањето на регионална мрежа на полначи за електричните возила, бидејќи станува збор за технологија која е секако иднина, како и единствена наплата на патарина на автопатиштата, која ќе им овозможи на граѓаните на нашите земји да без запирање ги поминат наплатните рампи, изјави Михајловиќ.

Таа со ова ја дообјасни вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, најавувајќи дека Заев и Рама доаѓаат во Србија на 9 и 10 октомври на состанок посветен на отстранување на царинските бариери или како што кажа, со нив „ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на нашите три држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги, односно создавање на еден вид „мал шенген“.

Тој додаде дека тоа ќе биде првиот чекор и дека за Србија ќе биде „важно да ја вклучи и Приштина за да соработка биде на повисоко ниво на економски интеграции, отколку во ЦЕФТА, како и да се привлечат и БиХ и Црна Гора.“

albanijamakedonijasrbija

Би можело да ве интересира

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 21:55

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 19:1330/10/2026 - 19:14

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 15:4830/10/2026 - 15:51

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Предраг Петровиќ29/10/2026 - 19:01

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Предраг Петровиќ29/10/2026 - 17:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео