А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Михајловиќ: „Мал Шенген“ на Србија, Северна Македонија и Албанија за подобар живот

by А1он27/09/2019 - 13:341528
Share1

Иницијативата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за создавање на таканаречен „мал Шенген“ меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија, ќп придонесе за подобар живот ма сите наши граѓани, изјави српската вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, додавајќи дека нема современ развој ако на меѓусебните односи се гледа низ призма на минатото.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Михајловиќ гостувајќи на РТС изјави дека сите земји во регионот се многу мали за да влијаат врз економските показатели во Европа и во светот и дека економското здружување е важно со цел граѓаните да живеат подобро.

– Не зборуваме тука за нова Југославија, ова е чист економски интерес за сите земји – да ги отстранат царините и трговските бариери. Ова е суштина на креирањето политики, да направиме граѓаните да живеат подобро, да имаме што е можно повеќе инвестиции и да се подобри животниот стандард на сите. Имаме одлична геостратешка позиција и важно е Србија да има пристап до Грција и албанските пристаништа, изјави Михајловиќ.

Таа оцени дека Србија, Северна Македонија и Албанија заедно имаат 80 милијарди американски долари бруто домашен производ, што е многу малку.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ако ги додадеме Црна Гора и БиХ, тоа се 100 милијарди долари. Знаете што значи тоа, дека заедно произведуваме 40 пати помалку од Германија и 30 пати помалку од Франција. „Фолксваген“ не ја избра Турција наместо нас затоа што овде не се работи, туку затоа што Турција има пет пати поголем БДП од целиот регион. Србија ги има сите претпоставки да се развива економски и регионалната интеграција е од економско значење за нас, додаде српската министерка.

Михајловиќ истакна дека тоа најдобро се гледа во инфраструктурата, наведувајќи го како пример седиштето на Транспортната заедница во Белград.

– Имаме поддршка од Европската унија. Не треба да се затвораме, ќе бидеме посилни со поврзувањето и полесно ќе преговараме и со ЕУ и со инвеститорите. Кога станува збор за ресорот што го водам, нема причина, на пример, да немаме заеднички таг и заедничко плаќање на патарината и за тоа ќе разговараме со соседите, изјави Михајловиќ.

Таа потсети дека проценките на Светската банка и на ММФ укажуваат дека регионалната интеграција ќе доведе до економски развој, кој може да изнесува најмалку три до четири проценти повеќе следната година.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред два дена и повторно вчера во говорот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, најави дека премиерите на Северна Македонија и на Албанија. Зоран Заев и Еди Рама ќе дојдат во Србија на 9 и 10 октомври на состанок посветен на отстранување на царинските бариери или како што рече, со нив „ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на трите држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги, односно создавање на еден вид „мал Шенген“.

Ова е втора ваква изјава на министерката Михајловиќ на темата за „Мал Шенген“, а вчера за ова говореше и министерот за трговија Расим Љаиќ.

albanijamakedonijasrbija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он10/10/2026 - 12:4710/10/2026 - 12:49

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 17:0308/10/2026 - 17:06

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 16:19

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 15:47

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он08/10/2026 - 14:00

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

Предраг Петровиќ07/10/2026 - 17:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео