Михајлоски: „Освежувањето“ на партијата е големо разочарување за вмровците

Од:

Иницијаторот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски реагираше веднаш по соопштувањето на новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои е и Богдан Илиевски-Бетмен.

-Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ заврши без најава за суштински реформи во партијата. Никола Груевски имаше историска шанса на Централниот комитет да ја стави на разгледување и на одобрување Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ, како вовед во еден процес за структурални промени, на кој начин партијата ќе ја покажеше својата посветеност кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе можеше многу посилна, обединета и реформирана да влезе во изборите, но наместо тоа, одлучи да робува на минатото и на застарените политики, кои партијата ја однесоа во опозиција.

“Освежувањето” на партијата со одредени исклучоци е големо разочарување не само за вмровците, туку и за цела јавност во Република Македонија.

Ние од иницијативата до распишување на локалните избори ќе продолжиме со нашите активности, уште поуверени дека сме на вистинскиот пат.

Искрено се надеваме дека и другите од раководството кои имаат судски постапки и кои веруваат дека се неосновани ќе го следат примерот на Сашо Мијалков и ќе дозволат партијата во следните избори да влезе неоптоварени со судските постапки, кои се големо бреме за партијата, напиша Александар Михајловскина Фејсбук страната ВМРО-ДПМНЕ посилно за нови победи.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му