Михаилоски: Секоја штетна одлука на Касами во Тетово е поддржана од ДПМНЕ

Од:

Соработката помеѓу политичката партија БЕСА на градоначалникот Касами и ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ги изненадува граѓаните на Тетово, вели претседателот на СДММ Марко Михаиловски.

– Иако често може да ги забележиме како заедно се фотографираат со проектите кои што се подржани од Владата предводена од СДСМ, мора да се осврнеме на загрижувачкото влијание, особено во однос на блиската соработка помеѓу градоначалникот Касами и ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово. Наместо брзо решавање на клучните прашања и предизвиците во Тетово, коалицијата на локално ниво предводена од БЕСА и ДПМНЕ, главен интерес не се граѓаните туку партиските интереси. Доказ за тесната соработка и меѓусебна согласност на сите одлуки во Тетово меѓу градоначалникот Касами со ВМРО ДПМНЕ од Тетово се речиси половина од директорските и раководните позиции во Општина Тетово кои што ги извршуваат кадрите на ВМРО – ДПМНЕ. Најважното место во Општината после Градоначалникот е Секретарот, оваа позиција ја извршува Дарко Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ. Од списокот на директорски места и позиции кои што ги имаат ВМРО-ДПМНЕ со кои директно и блиску соработува со БЕСА на локално ниво се, Директор на ЈП Градски Паркинг – ВМРО-ДПМНЕ, директор на ЈП Капела и православни гробишта – ВМРО-ДПМНЕ, директор на ООУ Андреа Савески – Кикиш – ВМРО-ДПМНЕ, Заменик директор во СОУ 8 Септември – ВМРО – ДПМНЕ, заменик директор на ООУ Братство Миѓени – ВМРО-ДПМНЕ, заменик директор во ООУ Лирија – ВМРО ДПМНЕ, рече Михаиловски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски