Мицкоски: Жителите на Иловица и Штука ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците

Од:

„Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ жителитњ на Иловица и Штука ќе најдат дека тие ќе одлучуваат што ќе се случува со рудниците овде. Вие сте тие што ќе одлучувате, Иловица и Штука,“ рече лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски на средбата со граѓаните што се одржа во селото Иловица, во општина Босилово.

Пред граѓаните ја образложи програмата на неговата партија за претстојните избори и притоа истакна дека во неа можат да се најдат многу проекти кои се грижливо подготвени и ги нудат на граѓаните.

Мицкоски зборуваше и на други теми, а поголем дел од своето обраќање го посвети на СДСМ, за кои рече дека нивната последна победа била пред 18 години, а и до наредната ќе чекале уште четири години.

Средбите со граѓаните на Коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва продолжуваат во општинските центри Босилово и Ново Село.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски