Мицкоски: Жалам што премиерот и министрите во вакви важни моменти за Македонија, не можат да ја надминат својата суета и да се стават на страната на граѓаните

Од:

„Жалам што премиерот и министрите во владата во вакви исклучително сложени и важни моменти за Македонија, граѓаните и стопанството никако не можат да ја надминат својата суета, еднаш да го остават политиканството и да се стават на страната на државата и граѓаните“, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го образложам концептот за оваа но и за следната година, како да се оптимира искористувањето на домашните ресурси и да се обезбеди ефтин енергенс, дезертираше, одби. Го повикав на ТВ дебата пред македонската јавност, повторно дезертираше, одби со изговор дека не било сега време. Го повикав и Фатмир Битиќи како одговорен за економски прашања во владата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, одби да дојде и ме повика на економски совет да сум го презентирал концептот, бидејќи така успешно работеле за корона пандемијата итн…

Последни во Европа почнавме со вакцинација откако баравме милост насекаде да ни дадат донација вакцини, додека владата преку фирма од Хонг Конг со основна дејност трговија со јужноамериканско овошје се обидуваше да испазари дебели провизии од набавката на вакцините. Една од највисоките смртности од ковид имаме во Европа. Во Тетовската модуларна болница, ковид пациенти живи изгореа и што ли уште не…, но според Фатмир Битиќи успешно сме се справиле со ковид кризата.

Ако економскиот совет успешно го водевте немаше во “4 очи” да коленичите по соседството и да молите милост да ви дадат. Ако економскиот совет беше успешен сега ќе обезбедевте струја за ФЕНИ и Бучим и наместо клуч на врата ќе гореа печките како што горат за слични такви компании во соседството. Сте помислиле ли како им е сега на работниците кои останаа без работа и со болка во гради се мачат крај со крај да врзат за своите семејства, како да ја поминат зимата или тоа од црвените персијанци и кожните фотељи не се гледа јасно.

Доколку сакате да покажете дека не се точни информациите за големи провизии од увозот на мазут, транспортот преку инстант компании на јаглен и се уште нејасната конструкција за гасот и затоплување на граѓаните, тогаш ви стојам на располагање да ви го објаснам концептот што го нудам. Одберете тим и дојдете во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во време и ден кој вас ќе ви одговара. Немаме уште многу време….“, додава Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ