Мицкоски: Зарем тој што го третирате како државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа?

Од:

Помина една година од убиството во Аеродром на младиот Мартин Јанушев, поминаа неколку месеци од убиството на младиот навивач Саздо и редица други убиства за кои сторителите се во бегство, а нивните лица не се знаат во јавноста. Немаше вакви спектакли како вечерва, а требаше да има, затоа што таму некаде, во некое ќоше или улица, вечерва шета осомничениот за одземање на човечки живот. А вие наместо да трагате по нив се занимавате со хајка, политичка хајка врз ВМРО-ДПМНЕ, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.

– Господа од власта кого залажувате и пред кого правите евтин театар сега кога на чиста правдина го посочувате прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого, лажно без аргументи? Ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата, врз главната опозициска сила, врз критичката мисла, каква не познава модерна Европа и пошироко во Светот. Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа? Како кога до вчера, исто како него, сите нас не следите, се заканувате, претите. Како водач на ВМРО-ДПМНЕ немам намера да се жалам и правдам, ниту да се прикажам за жртва, бидејќи јас чувствувам само мал дел од она што стотици, илјадници граѓани го чувствуваат секој ден. Велите дека сте победиле режим, а по што се разликувате од она што толку драматично го опишувавте дека сте се бореле против. Па вие сте тој режим и хунта која слободата ја ограничува, пишува Мицкоски.

Тој повика да се приберат, како што напиша, партиските силеџии со полициска значка.

– Сакате да не понижите, да не прикажете за злосторничка дружина, за криминалци, ние кои ја кажуваме вистината. ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане да биде последниот бастион на слободата и критичката мисла. Тврдина на народот кој ја сака оваа земја. Можете да забраните да говориме, да забраните да дејствуваме, но не може да ни го забраните ВМРО затоа што тоа му служи на народот, а јас сум прв повикан да им служам и да ги чувам тие 4 свети букви. Македонија ќе победи. Колку повеќе ќе притискате толку повеќе ќе губите. Нема да не исплашите, ниту поколебате. И сега на крај, треба да знаете и дека вака ќе ве победиме, ќе паднете, затоа што љубовта кон нашата земја е посилна од вашата злоба, затоа што нема да ја покриете сиромаштијата која ја правите на народот, а грабежот на нацијата нема да биде заборавен. Ќе паднете, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Масовна излезност на осми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ и ДУИ се подготвени на се за да ги задржат фотелјите и привилегиите

Мицкоски до ДУИ и Ковачевски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје? И кога голобрадо момче кое случајно му е внук ја купува Соравија? Со СДС и ДУИ се подрива идејата за ЕУ

Мицкоски од Чешиново Облешево: Голема благодарност до целиот народ за постигнатиот резултат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

Горан Наумовски