Мицкоски: Заев ја погазува државноста што стекнавме со антифашистичката ослободителна борба

Од:

Ние како Македонци имаме не само право туку должност, обврска да ги чествуваме овие денови и паметници, затоа што и нашата Македонија покажа пркосна жилавост и борба во едни тешки времиња, и најважното беше на вистинската страна во народно ослободителната борба, во борбата против фашизмот, во мигови кога многу други народи и држави од соседството и Европа не беа. Оттука денес ние како земја, како Македонија го имаме легитимното и полно право да се повикуваме на нашето наследство но и придонес во градењето на слободарска Европа. Затоа што нивната слобода е и наша слобода, затоа што и нашата крв го полеваше темелот на заедничката слобода. Нашите предци не` не посрамотија, и беа на вистинската страна, прашањето е дали денешната власт го чува тоа наследство и не ги посрамотува нашите предци порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од настан посветен на 9. мај во Прилеп.

„Одговорот го добиваме кога премиерот, во името на некакво пријателство, вели дека тука имало администрација, а не фашистички окупатор, што самото по себе е тешка небулоза и невистина. И тоа е дотолку страшно зошто се вика брутално, сурово убиство на вистината. Од друга страна премиерот на нашиот источен сосед, оној нели кој Заев го вика брат, ќе рече Делчев бил бугарски револуционер, а македонски војвода. Ваков оксиморон, ваква противречност во една реченица не е возможна. И не е страшно во што тие веруваат, може да веруваат во што сакаат, лошо е што македонските власти молчат“ – рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека во 21 век, ние денеска според Заев за да почнеме преговори, треба да решаваме прашања од 19 век.

„Ние 30 години, 30 долги и мачни години само правиме отстапки. Сменивме знаме, Устав во повеќе наврати, добивме пресуда во Меѓународниот суд во Хаг па не убедуваа дека тоа била цената на геостратегијата и силата на посилниот, Заев го смени уставното име и повторно го промени Уставот. Потпиша договор со Бугарија кој го нарече договор за добро соседство, и се фалеше дека ги затворил сите отворени прашања. И што добивме? Од Европа добивме тапкање по рамо, ветувања и нов услов за напредок на патот кон ЕУ. Сега наместо почеток на преговорите условот е да признаеме дека пред 1944 година сме биле Бугари, дека нашиот јазик бил бугарски, дека сите оние илинденци кои со крв ја пролеаја македонска земја за независна држава во срцето на Балканот не биле Македонци, туку биле бугарски војводи, тоа е новиот услов кој ние треба да го прифатиме“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ја повика Европската Унија да биде погласна за криминалите кои ги прави оваа влада, и за грешните политики кои земјава ја туркаат во бездна.

„Точно е тоа дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина. И затоа од овде од слободарски Прилеп ќе им порачам, преговори веднаш, оставете го Заев и тие главоклимачи околу него. Не се тие Македонија, туку овој чесен и честит народ и вредни домаќини. Ова е народот кој многу пред вас ги покажувал своите европски вредности и неговото место е таму за да ја добие заслужената правда, а да ја добијат и сите оние кои што се неправедно обвинети и неправедно осудени од ова обвинителство и судство кое е под целосна чизма на власта на Зоран Заев“ – порача Мицкоски.

Според него ова се одлучувачки мигови за нашата земја кога ќе било одлучено како што вели да загазиме подлабоко во мочуриштето или ќе направиме исчекор за оставање на калта зад нас.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Пендаровски: По поразот на изборите, ниту ГПС нема да те пронајде

Горан Наумовски

Мицкоски: Ова се избори на кои граѓаните ќе изберат дали ја сакаат Македонија или не

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја бараме вашата поддршка и масовност на изборите за нов претседател на Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски со одговор до Пендаровски: Кога ќе изгубиш на изборите, стани претседател на СДСМ па ќе дебатираме

Горан Наумовски

Мицкоски за СДСМ и ДУИ: Овде од Радовиш оставаат директор да биде човек кој продава дрога, тепа полиција, но наскоро ќе дојде крајот на ова

Мицкоски: Пендаровски пет години заборави на Македонија, а сега ќе излезе и ќе ветува како првпат да се појавува во политиката