Мицкоски: За сите прашања во земјава е задолжена ДУИ, само за ВМРО-ДПМНЕ се надлежни Оливер, Вилма и Љупчо

Од:

Во Македонија има корумпирани политичари кои што поддржуваа политичари кои што за жал ја заробија државата. Политичари кои што на милитантен начин тоа што не им успеа пред неколку децении сега им успева од внатре од системот да ги уриваат институциите порача лидерот на ВМРО-ДМПНЕ во обраќање на обуката на тема „Политички кампањи и целите на женските организации” организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата „Jarl Hjalmarson“.

„За суштинските прашања кои што денеска се главен предизвик за Македонија и за граѓаните во Македонија без разлика на нивната етничка припадност главните би рекол промотори или главните експоненти на власта се претставниците на ДУИ. Кога станува збор за економијата, кога станува збор за енергетиката кои што се главен предизвик тука се Крешник или Фатмир. Кога станува збор за национални теми, кога станува збор за евроинтегративниот процес тука се Али, Артан и Бујар. Но, кога станува збор за притисок и мобинг врз ВМРО-ДПМНЕ, врз македонскиот народ тука се Оливер, Вилма, Љупчо и останатите. Од прилика таа е реалноста во која што ние живееме“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека поради тоа треба да се даде се од себе за да таа реалност се промени, за да може Македонија да тргне напред. А, граѓаните во Македонија да можат да се чувствуваат сигурни во сопствената држава без разлика на нивната етничка припадност.

„Ние треба да креираме фронт и да се обединиме против корумпираните политичари и анти ДУИ – СДСМ фронт, ако сакаме да имаме современа држава, држава која што ќе ги следи современите текови на дигитализација, на вештачка интелигенција и вистинска зелена агенда“, порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски