Мицкоски за отворањето на клубот Ванчо Михајлов: Ја повикувам ЕУ да стави крај на бугарските фашизоидни и хегемонистички намери кои се со цел притисок врз Македонија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со културниот клуб „Ванчо Михајлов”кој изминативе денови беше отворен во Битола и реакциите кои сѐ уште не стивнуваат во јавноста поради провокациите на бугарските политичари, рече дека Петков прво што треба да направи кога ќе се врати во Софија е да отвори најмалку два вакви клуба во Благоевград и Сандански за Македонците кои живеат во Пиринска Македонија.

– Гледам и дека потпретседателот на Бугарија продолжува со неевропските вредности и негирањето на македонското малцинство во Пиринска Македонија и тоа навистина нема никаква врска со европските вредности кои овие политичари треба да ги промовираат, напротив, нѐ враќаат во едни минати времиња, во времињата на бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна овде во Македонија, на жртвите кои македонскиот слободарски народ ги има дадено за да создаде своја демократска држава и да можеме ние денеска да го живееме ова што го живееме и да се ослободи од еден таков фашистички окупатор каков што бил бугарскиот за време на Втората светска војна. Јас после оваа провокација и овие изјави дадени овде во Македонија навистина немам што да додадам, освен со чудење да констатирам дека не знам кој е тој политичар или историчар кој ќе седне на маса заедно со неговите колеги од кај нашиот источен сосед и да продолжи да преговара за постигнување договор барем до јуни. Ако ова е да си најдат некаков изговор зошто повторно да ја блокираат Македонија, тогаш се прилично успешни, додаде Мицкоски.

Мицкоски ја повика Меѓународната заедница и Брисел да стави крај на овие неевропски егзибиции од страна на официјална Софија бидејќи овде во Македонија, вели Мицкоски, нема кого повеќе да повикува бидејќи станува збор за некредибилни политичари кои што освен криминал, корупција, срам и безидејност, друго не знаат што да прават.

– Од овде од Илинден, ја повикувам и Европската унија и официјален Брисел да стави крај на овие фашизоидни и хегемониски намери од страна на нашиот источен сосед да направи притисок и да овозможи Македонија конечно да ги почне преговорите. Овој народ тоа го заслужува бидејќи многу пати во историјата се покажал дека стои рамо до рамо со европските вредности, рече Мицкоски

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања