Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека по серијата скандали, оставка требало да си поднесе целата влада, а не само Драги Рашковски кој според него одамна требало да ја напушти функцијата и да заврши во затвор. Тој додаде дека се срами што има ваков колега која предава на Универзитет како одговор на новинарско прашање, во врска со со повлекувањето од функцијата на Рашковски од Секретар во Владата.
„Оставка треба да си поднесе целата Влада, а Рашковски одамна требаше да биде онаму каде што припаѓа , а тоа е во затвор. Не може службеник со плата од неколку стотици евра, да поседува и да гради хациенди со илјадници метри квадратни, да летува и да дезертира во екот на пандемијата и да ни кажува дека биле евтини аранжманите, да се вози со нови џипови од 70 до 80 илјади евра , ако се негови, затоа што излезе таква информација. Ако сето ова се повтвдри дека е точно е уште еден срам и блам на оваа Влада. Ако ова лице до вчера беше едно од најблиските соработници на Зоран Заев кој неколкукратно за краток временски период го зголемил своето богатство, можете да замислите тогаш што се случува со останатите. Срамота. Оставката е прв морален чин кој што требаше да се случи многу порано и ова пракса треба да продолжи во континуитет. Се срамам што вакви луѓе се мои колеги на Универзитетот, иако предаваме на различни Факултети“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.