Мицкоски: За опожарените возила во Прилеп наместо да се гонат вистинските извршители, се гонат лица кои немаат врска со случаите

Од:

Живееме во време како во Бејрут во најлошите времиња, така отприлика функционира моментално Македонија. Тотално безредие, а тоа е така затоа што тие кои треба да го спроведуваат редот, ги водат луѓе коишто се во директен договор со криминалот и луѓето со сомнително досие, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Свети Николе, одговарајќи на новинарско прашање за запалените возила на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Мицкоски истакна дека тоа што се случува во Прилеп, најпрвин на директорот на комуналното претпријатие му беше опожарено возилото, па потоа на пратеникот Петар Ристески, па потоа на еден од вработените, раководител на сектор во општината, е само доказ имаме работа со насилници.

– Информациите се дека две лица се приведени, периферни лица кои немаат никаква врска со случаевите ниту се поврзани некако. И двајцата се познати престапници на законите во Прилеп и прилепчани ги знаат, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека наместо да се гонат вистинските извршители, а уште поважно инспираторите и нарачателите на сето ова, ние се занимаваме со пердуви расфрлање и периферни личности кои немаат никаква врска со суштината.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ