Мицкоски за изборот на Абази: Јавна тајна е дека ова е партиско политички договор на власта

Од:

При денешната посета на општина Зелениково претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на новиот шеф на јавното обвинителство истакна дека јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско политички договор во власта но веднаш после промените овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и обвинителството и судството од партиско политички договори и стеги.

„Па јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско- политички договор во власта, само исто така јавна тајна е дека таму имало две струи, едните за едниот, другите за друг, па победил овој и така натаму, продолжува партизацијата затоа следната анкета нема да биде довербата во судството и обвинителството осум проценти ќе биде еден, два или три проценти, претпоставувам тоа се овие неколку фамилии кои што се денеска во власта и од ДУИ и од СДСМ, тажно е што се продолжува со партизирање на институциите кои што треба да бидат носители на правдата, обвинителството и судството, и веднаш после промените овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и обвинителството и судството од партиско -политички договори и партиско политички стеги.“ нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски