Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Од:

„Овие денови најавија лидерска средба. Немам, да бидам искрен, голема надеж, иако ќе присуствувам на средбата, затоа што секогаш кога се разговара за иднината на Македонија, сметам дека е потребно да се учествува. Воедно, на таа средба, сакам премиерот да биде свесен за времето откако уставните промени ќе пропаднат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Делчево.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски исто така порача дека никој, ама баш никој не може да го убеди да го погази својот, македонскиот идентитет по ниту една цена.

„И никој, никој не може да ме убеди дека уставните измени сега, се единствено решение. И тоа е факт. Не поминуваат приказните сега или никогаш. Бидејќи досега слушнавме сто пати – сега или никогаш, и ништо не се случи. И знам дека може поинаку, може подобар договор, ама исто така знам дека ваква неспособна Влада не сме имале никогаш досега. И не дека не може подобро, туку толку знаат и умеат. И затоа треба што побрзо да си одат од власт, бидејќи не осиромашија, не понижија и уште не понижуваат“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела