Мицкоски: Во земјава со СДСМ граѓаните секојдневно се соочуваат со неправди

Од:

После илјадници поминати километри и средби со илјадници граѓани, тоа што насекаде се зборува е дека иден претседател ќе биде Сиљановска Давкова, а на СДСМ и Заев им дојде крајот, а после тоа ќе одговараат за сиот криминал, понижувања и омаловажувања кои ги нанесоа, порача вечерва Мицкоски во Крива Паланка.

Го слушам овие денови она младо момче, кое доаѓа често пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, како зборува за АРМ, дали знаеме колкав бил бројот и така натаму, ќе го поздравам и ќе му поставам две прашања, дали знае што е утринска смотра, што е пожарство, дали знае како се чува стража на минус 20 степени во пола метар снег. Нека го праша неговиот ментор тој што го праќа дали тој можеби знае да даде одговор, тој се сеќавате кога требаше да се оддолжи на државата вадеше лекарски дека не бил спремен, а да пљачка и краде како премиер е спремен?, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека врхушката на СДСМ предводена од Зоран Заев ќе останат во историјата дека се откажаа од основното човеково право на самоопределување и дека се срамат од сопствената химна, да слушнат дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“.

Вие ќе останете запишани дека се срамите да кажете на кој јазик говорат жителите во северна Грција, а е различен од грчкиот, на кој јазик пеат и какви ора играат. Тоа се Македонци кои што говорат македонски јазик, пеат македонски песни и играат македонски ора. Вие малкумина од врхушката на СДСМ ќе останете запишани дека се откажавте од македонскиот идентитет за пусти пари, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека во земјава со СДСМ граѓаните секојдневно се соочуваат со неправди, на земјоделците им беа ветувани загарантиран откуп, субвенции, помош, но денеска сведоци сме како во Ресен ги сечат дрвата затоа што еден килограм јаболка е еден денар, во Кочани оризот остана во амбарите затоа што нема кој да го откупи, во Пијанец и Малешевијата родот заврши по реките, а исто и во Росоман со праските. Додаде дека такви неправди има и кај лекарите на кои им ветуваа реновирани болници и 100.000 денари плата, а денес тргуваат со болниците, а лекарите ги полнат клиниките во странство.

Неправда е кога патриоти денеска лежат со затворски казни повисоки од два века, а сторителите на убиството на децата кај Смилковско слободно се шетаат, неправда е кога на младите ќе им ветувате работа, напредок а денеска ако не сте роднина на Мира Дизел, тешко дека ќе имате шанса да се вработите.

Неправда е да затварате цели планини да може премиерот да се санка со другарчињата, а пола милион наши сограѓани да гладуваат, по Европа да се возите со Бентли и Мајбах, а нашите сограѓани да ја напуштаат Македонија затоа што немаат основна егзистенција, нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека неправда е и тоа што Заев се колнеше во жицата, татковината, дедовината дека нема да го продаде идентитетот, но кога дојде на власт единствената работа која ја направи беше да го промени идентитетот, за пусти пари.

Кога бев Струмица го потсетив на Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов, се сеќавате на тие струмички студенти кои што својот живот го оставија за оваа држава, за да ние денеска да можеме да живееме, но овие политички измамници тргуваа со тоа што го наследија, за пусти пари и за пусти фотелји, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека изборот е јасен, од една страна е Стево Пендаровски поддржан од транзиционите криминалци кои донесоа беспаќе на македонскиот народ, на македонските граѓани, а од другата страна ја имаме професорката Гордана Сиљановска Давкова, заштитник и чувар на законите и Уставот, застапник на правото и правдината.

Нас ни треба право и правдина, владеење на правото и враќање на правната држава, Гордана Сиљановска Давкова со својот личен, но и професионален интегритет и труд дома и странство, тимот на експерти од дома, но и од странство кои застанаа, и вие народот сте гаранција дека ќе имаме вистински реформи кои од политичкиот арач на овие политички измамници ќе го ослободи бизнисот да инвестира во Македонија и домашниот но и оној од надвор, да креира повеќе работни места и повеќе пари за граѓаните на Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

На крајот тој уште еднаш побара од жителите на Крива Паланка на 21ви април и на 5ти мај да ја поддржат Гордана Сиљановска Давкова, затоа што голема победа ќе ја отвори вратата за предвремени парламентарни избори и конечно овие политички измамници предводени од Зоран Заев да заминат во историјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Максим Димитриевски во Ѓорче Петров: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Орце Костов

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност