Мицкоски во Ранковце: Заев и Пендаровски одат напред со украдени пари од граѓаните

Од:

Се поголем број на граѓани се приклучуваат со помислата дека токму 21ви април и 5ти мај се деновите кога граѓаните ќе ги казни политичарите како Заев и Пендаровски кои го манипулираа, навредуваат и понижуваат народот во Република Македонија, порача денеска Мицкоски пред жителите на Ранковце.

Мицкоски додаде дека СДСМ и Заев си поигруваат со маката и трудот на земјоделците бидејќи само неколку дена пред избори им ги исплатиле субвенциите на земјоделците, потсетувајќи дека тоа е обврска на државата а не добра волја на СДСМ и Заев.

Земјоделието е опустошено,земјоделците со месеци ги чекаат парите за субвенции кои сега свесно на неколку дена пред изборите им ги пуштија, но овде велат кога не можеме да се избориме за она што ни следува, што остана за друго.

Тие не живеат подобро, а никој од власта веќе не ги споменува и другите ветувања кои пред да дојдат на власт им ги даваа на овие луѓе, затоа што не се чесни, вели Мицкоски.

Тој посочи дека Република Македонија не може да оди напред со политичари како Заев и Пендаровски, додавајќи дека додека тие одат напред со украдени пари од граѓаните, граѓаните секојдневно ја чувствуваат сиромаштијата и бедата.

Да може Македонија вистински да оди напред , а не како што денеска ја гледаме Македонија како назадува, како оди назад, од ден на ден ние се враќаме назад а не одиме напред. Не е точно она кое што денеска Зоран Заев и Пендаровски Стево го пишуваат на нивните украдени плакати, билборди и
реклами дека оделе напред. Да одат напред ама со вреќи полни украдени пари, ние одбиваме да одиме така напред. Ние сакаме да одиме напред достоинствено, честито со исправена глава заедно со богати граѓани и богата држава, кажа Мицкоски.

На крај тој побара масовна поддршка на 21ви април и на 5ти мај за кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова потенцирајќи дека само со нејзината победа е возможно враќање на правдата во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Максим Димитриевски во Ѓорче Петров: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Орце Костов

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност