Мицкоски во Прилеп: Зоран Заев постојано ги лаже граѓаните за тоа дека Македонија оди напред

Од:

Зоран Заев постојано ги лаже граѓаните за тоа дека Македонија оди напред, а во реалноста всушност стагнира, рече Мицкоски денеска во Прилеп.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ е на чекор до победата над неправдите и потребно е уште многу малку, уште неколку чекори за да се направи првиот триумф кој ќе ја отвори вратата за предвремени парламентарни избори, по кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе Македонија на вистинските патеки кои народот ги заслужува. 

– Реалноста денес е тешка и таа болна реалност е донесена од власта. Имаме работа со двајца Заевци, еден во првиот круг, кој велеше дека блескаме, дека одиме напред, дека економијата е силна, дека инвестициите и вработувањата растат.

Вториот Зоран Заев го имаме сега во овој изборен круг кој вели работата нечии, ќе има метла. Па се прашувам кога ја говореше вистината првиот или вториот круг? Одговорот го знае секој еден граѓанин, а тоа е дека и тогаш и сега лаже за да остане на функција, затоа народот му ја спрема нему вистинската метла, прво на 5 мај, а потoа и на предвремените парламентарни избори. Македонија е најважна од се, и за тоа се бориме и ќе продолжиме да се бориме, кажа Мицкоски.

Мицкоски порача дека победата е на дофат и дека на 5 мај треба да избереме право и правда. Да ја избереме Гордана Силјановска Давкова, заврши тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата