Мицкоски во посета на манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка

Од:

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка, по повод чествувањето на православниот празник Св. Наум Охридски.

На граѓаните кои го слават празникот и на присутното свештенство им го честиташе денешниот православен празник со желби за благосостојба здравје и напредок.

„Делото на Св. Наум Охридски не учи дека просветителството, добрините и праведниот живот се вистинскиот начин кој го осветлува патот и ги победува неправдите.

– Нашата земја денес се соочува со бројни предизвици, граѓаните живеат тешко и во несигурност. Навидум чуството за безизлезност не смее да ја победи надежта дека може и мора подобро“, рече Мицкоски.

„Сите заедно мора да ја реализираме нашата заложба за промени кон подобро и решавање на напластените проблеми.

– Цврсто верувајќи во граѓаните и нивната свесност за состојбите верувам дека ќе бидат победени неправдите и дека подобрата иднина ќе дојде за сите во нашата земја, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање