Мицкоски во Пехчево: Гласот за Пендаровски е глас за опустошена Македонија

Од:

И во Пехчево се чувствува заевизмот кој носи само сиромаштија, немање работа и се помасовно иселување на младите од Македонија, истакна Мицкоски денеска, додавајќи дека ова мора да заврши час поскоро и дека на граѓаните треба да им се обезбеди сигурна иднина во сопствената татковина,а тоа е можно само со заминување на Заев и СДСМ од власт.

Податоците говорат дека само лани 100 000 граѓани се иселиле од нашата земја. Тоа е вистинското опустошување кое е последица на незнаењето на власта и нејзината неспособност.

Гласот за Пендаровски е глас за Зоран Заев, и за опустошена Македонија. Затоа овие избори се многу повеќе од само претседателски избори. Овие избори се за Македонија и нејзината иднина, вели Мицкоски.

Според него овие избори не се само претседателски избори туку и можност за отворање на вратата за нови предвремени избори, а тоа е можно само доколку Гордана Сиљановска Давкова победи на претседателските избори.

Затоа овие претседателските избори не се само обични претседателски избори, туку овие претседателски избори после победата убедливата победа на Гордана Сиљановска Давкова ја отвораат вратата за следни предвремени парламентарни избори.

И не дека Зоран Заев така вети дека откако нивниот избраник Пендаровски Стево ќе изгуби на овие претседателски избори, па ќе распишеме предвремени парламентарни избори, туку едноставно затоа што така народот сака, а народот денеска ширум Македонија, по улиците, булеварите, на плоштадите, во домовите, силно кажува не шупути како што некој милува да каже, туку силно кажува, вика дека на 21ви април а потоа на 5ти мај жена ќе биде претседател на Републиката, Гордана Сиљановска Давкова е идниот претседател на Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата