Мицкоски во одбрана на Јанкулоска: Горде е осудена без докази бидејќи не одбра да биде слуга на Заев

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски застана во одбрана на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, откако, Врховниот суд и ја потврди четиригодишната затворска казна која и ја изрече Апелациониот суд. Мицкоски тврди дека Јанкулоска е судена без докази, бидејќи одбрала да не му слугува на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи…

Posted by Hristijan Mickoski on Петок, 18 септември 2020

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор. Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт. Јанкулоска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО-ДПМНЕ. Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата. И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде“, напиша Мицкоски.

Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која и беше изречена на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Со донесувањето на пресудата, Јанкулоска ќе треба да се упати на издржување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар