Мицкоски во Богданци: На овие избори се решава за Македонија

Од:

Од многуте средби кои што изминатиот период од граѓаните слушнал само разочарување од актуелната состојба во која што се наоѓа Република Македонија, односно од владата на Зоран Заев и СДСМ немало ниту една суштинска реформа и исполнување на ветеното, туку само предавство и распродажба на националните и државните интереси, посочи денеска Мискоски пред жителите во Богданци.

Буквално секаде без разлика дали станува збор за градови, дали станува збор за села, дали станува збор за помали или поголеми населени места имав можност да разговарам со илјадници, илјадници наши сограѓани. Илјадници, илјадници наши сограѓани ни ја пренесоа нивната емоција, нивниот сентамент, ја прераскажаа реалноста а реалноста е лоша. Луѓето се многу разочарани од сите оние неисполнети ветувања, сите оние нереализирани очекувања.

Практично луѓето сфатија дека си имаат работа со измамници и тие измамници единствената работа која што ја направија изминатите речиси две години е едно огромно големо предавство.

Нема ниту една структурна реформа, нема услови за подобра живот,не ја подобрија економијата, напротив се оди во долна линија.

Единственото нешто што го направија е она огромно предавство со кое што тргуваа и ги предадоа и државните и националните интереси.

Тоа е реалноста во Република Македонија, кажа Мицкоски.

Во обраќањето Мицкоски посочи дека овие избори не се само претседателски избори, туку се избори каде што се одлучува за иднината на Македонија.

Ова не се само претседателски избори, ова се избори каде се одлучува за иднината на Македонија, за правецот по кој ќе се движиме, патот по кој ќе одиме, а ако ја немаме Македонија ништо немаме.

Затоа на овие избори се решава за Македонија.

Претседателските избори се шанса за отворање на вратата на предвремени парламентарни избори на кој кој го поразиме Заевизмот. Колку победата е поубедлива, толку ќе биде поголема нашата сила за промени, реформи да ја испорачаме правдата, вели Мицкоски.

На крај Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ заедно во коалиција со народот ќе се изборат со сите неправдини направени од СДСМ и Заев и побара масовна поддршка за кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова се со цел враќање на правото и правдините во Република Македонија.

Затоа ајде да победи Македонија, ајде заеднички да ја донесеме правдата, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он