Мицкоски во Битола: Власта соочена со пораз веќе започна со заканите, уцените и притисоците

Од:

Власта соочена со пораз веќе започна со заканите, уцените и притисоците, и затоа побара од битолчани да не попуштаат, затоа што деспотот е на колена и месеци се во прашање кога практично ќе им дојде крајот, посочи Мицкоски денеска во Битола.

А ние си рековме овде во Битола, бидејќи јас не слушнав да се извини за сите оние злодела кои што СДСМ ги има нанесено овде во Битола, затоа пак веднаш после победата на претседателските избори и после победата на предвремените парламентарни избори, од прв до последен, за сиот криминал за сите злодела, за сето она понижување и омаловажување, ќе одговараат од прв до последен, јас тоа ви го ветувам, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека власта ги направила луѓето незадоволни и апатични за да бидат незаинтересирани, индиферентни кон болната реалност за да им помине се полесно, но одговорот на таа разочараност е масовноста во вториот круг од изборите и казната која ќе ја испорача народот.

Битола е победничка, Битола се крева против неправдите. Битола бара промени. Тука нашиот противник е казнет жестоко во првиот круг од изборите, а казнет е поради лошиот живот, сиромаштијата, матните бизниси на власта, непотизмот на градоначалничката и локалните функционери кои се ставаат над народот. Политички измамници кои ја киднапираат власта, нагласи Мицкоски.

На крајот тој потенцираше дека власта ја разочара Битола, но 5ти мај е денот кога битолчани ќе ја разочараат власта и уште еднаш побара од присутните поголема масовност за да се избориме заедно за подобар живот, за посилен стандард, за нова надеж, за решенија на проблемите, и за правда и слобода за Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка