Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ размислува да пристапи кон активен бојкот со цел власта да се вразуми и да се организираат предвремени парламентарни избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета во општина Карбинци, одговараше на новинарско прашање кое се однесува на вчерашните најави за активен бојкот на Собранието на Република Македонија доколку власта нема слух за барањата на опозицијата, како и изјавите од страна на СДСМ по однос на тие најави.

Мицкоски рече дека СДСМ со таа изјава практично признава дека Македонија е во криза, а во оваа криза, тие наместо да се обратат на најголемата политичка партија со најголемата пратеничка група и најголем број градоначалници и советници, тие одлучиле да молчат.

– Два месеци буквално ги молевме и секој наш чекор е реакција на нивната акција. Јас на самата прес конференција кога го најавив ова кажав дека за сѐ понатаму единствената одговорност ќе биде врз Ковачевски и СДСМ. Ако некој за тоа не е свесен, еве уште еднаш ја користам оваа прилика да ја потенцирам нашата сериозност. Ќе повторам, ова нема да трае еден, два, три или пет дена, ова ќе трае со недели а можеби и со месеци сѐ додека оваа влада конечно не се вразуми, не седне да разговара со опозицијата и не организираме предвремени парламентарни избори – рече Мицкоски.

Во однос на изјавите од страна СДСМ дека не е потребно во време на криза да се организираат избори, Мицкоски запраша дали било домаќински да се закажуваат локални избори во Центар Жупа и Маврово Ростуше без консултација со опозицијата, ако знаеле дека тие нема да успеат, како што впрочем и не успеале?

– За кои домаќини зборуваме, за оние кои се наполнија со пари на криминален начин на грбот на народот? За тие домаќини зборуваме? Тие се сѐ само не се домаќини, тие се расипници но не на своите пари, туку на парите и на маката на граѓаните. А дали треба да се организираат избори – избори треба да се организираат час поскоро за да излеземе од оваа криза. Денеска Европа се подготвува за есента и зимата, веќе е мај месец и за четири месеци ќе ни дојде есента а за шест месеци од денеска и зимата, дали вие слушнавте некој од владава денеска да каже дали и што презема за тоа што ќе нѐ очекува за четири месеци од денеска? Еве јас ќе ви кажам, не можете да слушнете затоа што овие луѓе немаат капацитет. Нивниот капацитет е само да обезбедат што поголема моќ за себе и што повеќе тендери во четири очи, сето останато е оставено народот сам да се снаоѓа кој како умее. Е тоа, ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и партија од народот и ќе дадеме сѐ од себе на овој народот да му помогнеме, а така ќе ѝ помогнеме и на Македонија – додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166