Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Владата доколку биде тргнат Законот за јазиците

Од:

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска му вети поддршка на премиерот Зоран Заев доколку тој и СДСМ го тргнат од собраниска процедура Законот за употреба на јазиците.

Мицкоски во интервју за ТВ Сител кажа дека има да му порача две работи на премиерот Заев.

– Првата е, ако чесно и мисли добро на Република Македонија и ако навистина се декларира како реформски политичар и политичар кој има примарна цел за реформите, тогаш да продолжиме со процесот на реформи, бидејќи тие се вистинскиот приоритет за развојот на Република Македонија. Ако Заев има концесија, ние како ВМРО-ДПМНЕ му стоиме на располагање и, ако е уценет преку таа концесија дека ќе му се распадне Владата, и ако има „дил“ за да остане Владата, ние како ВМРО-ДПМНЕ му се нудиме, со нашите парламентарни пратеници да ја поддржиме неговата влада во сите овие реформски процеси под еден услов: да го тргне Законот за јазици од собраниска процедура. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Владата на господинот Зоран Заев во носењето на сите реформски закони, безусловно, бидејќи иднината на оваа држава е во реформите, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче