Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го одбележува 32-от роденден во знакот на борбата за промени

Од:

„Оваа 2022 година одбележуваме точно 32 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, и 129 години од создавањето на историското ВМРО. Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чиј код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија. Таквата причинско последична состојба е папочната врвка која го прави ВМРО, сопатник низ времето со сите падови и подеми на нашата Македонија“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


„Благодарност кон основачите кои се значаен сегмент во сегашното функционирање на партијата и кое како такво го вреднувам и високо почитувам. Нивното визионерство, чистата љубов кон татковината и борбата за каузата ги сместува во редот на луѓето кои даваа се без да бараат ништо за возврат. Нивната слава не беше забележана, ама тие луѓе го поминаа тестот на времето.

Денес ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни патеки и заедно со народот повторно се крева. И кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижувања, со сиромаштија, одрекувања и порекнувања…. ВМРО-ДПМНЕ природно и разбирливо е предводник на знамето кое обединува, и тоа е обврската која јас ја прифаќам со чест и со целото мое срце.

И ако праша некој зошто? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и јас нема да молчиме кога народот страда, кога чувствува несигурност, гнев и трпи понижувања. Тоа се работите кои без малку ги чувствува секој еден човек без разлика на верата и нацијата. Нема да молчиме бидејќи сега треба да бидеме гласни.

И ние таа битка ќе ја водиме. И за таа цел вратите на народот се широко отворени. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, но и главната сила која во периодот што следи ќе ги предводи промените.

Идејата за Републиката, идејата за демократијата и слободата се нашите цели и нашата визија. Европската Унија-со гордо крената глава, како полноправни членки е нашата заложба. И како дел од таа приказна, но почитувани и вреднувани.

Испраќам порака на обединување против лошата власт и владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе. Ние овој роденден ќе го одбележиме во знакот на борбата за промени. Затоа што е премногу и мора да ја сочуваме Македонија.

Ве повикувам утре во 20 часот на протестот за промени пред владата на Македонија“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања