Мицкоски: Владата го искористи и Самитот на ОБСЕ за криминал

Од:

„Па, и од еден ваков настан кој што би требало да значи можност еве странски високи дипломати да ги видат убавините на Македонија и главниот град, тие успеаја да отворат сомнеж за криминал со цените кои што ги прикажуваат тие. Дури не можат да им конкурираат ниту најбогатите светски држави бидејќи се неколкукратно повисоки и од оние кои што таму на пазарот можат да се најдат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на општина Ресен што е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ говорејќи за тоа што МНР за самитот на ОБСЕ ќе потроши еден милион евра за изнајмување на возила.

Мицкоски додаде дека жали што и во последните моменти од мандатот актуелната власт докажува дека се обични криминалци.

„Жалам што и во последните моменти од овој мандат тие покажуваат и докажуваат дека се само обични криминалци. Ништо повеќе од обични криминалци. И навистина е за секаква осуда ваквото однесување“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ќе се обидеме да нема алармантно поскапување на парното, ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани,