(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Од:

Ветивме победа, имаме победа. Ова е триумф на верниот народ. Македонија не избраа партија тука насока и луѓе, но оваа победа не е крајот тука почеток на нова енергија. покажавме дека политиката може да има друго лице, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Вечерва со убедливо мнозинство го потврдија тоа за својата иднина за Македонија. Чесноста вреди и нови резултати. Довербата започнува со секој нов ден што започнува. Оваа победа ја градевме чекор по чекор. Ова не е само наша победа, иднината не треба да се чека. Затоа сега не славиме туку ветуваме дека ќе работиме уште повеќе. Оваа победа ќе ја мериме со дела. Пред нас се уште две недели на одлука да ја заокружиме промената што ја започнавме. Секој глас што ќе излезе е чекор кон иднината. Имавме најдобри демократски избори. Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг. Разликата е 2:1. Победивме во првиот круг во Струмица 20 години чекавме на овој ден. Победивме во Делчево, Берово, во Битола, Штип, Прилеп, Кавадарци…Орце има големо водство во Скопје и тој ќе победи во вториот круг. Водиме во Карпош и сигурен сум дека таму ќе победиме. Овие избори се порака и за ДУИ. Кога Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери му реков причекај ќе бидеш изненаден од резултатите. Во вториот круг нема место за суети, за мали и големи општини. Ова е моментот кога треба да сме едно со срце и разум за Македонија. Во вториот круг масовно да излеземе и да ја заокружиме победата – рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека политиката од минатото е победена и дека Ахмети и ДУИ се непријатно изненадени од денешните резултати.

– Бројката што ќе ја освоиме ќе биде досега најголема што сме ја освоиле на избори. Темата ДУИ се затвори денеска – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Мицкоски: СДСМ и Филипче седум години беа подизведувачи на криминалот на ДУИ и Ахмети

А1он