Мицкоски: Уставни измени по бугарски терк нема да има – уште утре нека закажат седница и веднаш нови избори

Од:

„ Не очекувам да трае 10 дена дискусијата на собраниска Комисија за уставни измени, ние имаме седум пратеници во комисијата, а потребно е мнозинство за да се најде на дневен ред на собранието. Очекувам значи 7 да гласаат против, а 10 за. За, ќе се оние европејците кои купуваат милионски имот во центарот на Скопје и возат автомобили. Така да оставам европејците да ја тераат нивната европска агенда, а ние ќе се држиме до нашата македонска агенда и ќе ги штитиме македонските национални интереси“, изјави Мицкоски во врска со комисијата за уставните измени.

Тој додава дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е јасен и дека нема да се случи сценариото од 2018 година.

„Ако мислите дека оние осуммина кои гласаа пред 5 години спротивно на македонските интереси, биле изманипулирани, не биле. Точно знаеле што прават , имале личен бенефит и претпоставувам дека поради тоа одлучија да си ја продадат кожата. Сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се јасни и прецизни во својот став.  Вчера имавме координација и сите сме едногласни, уставни измени по бугарски диктат нема да има“ потенцира Мицкоски.

На прашањето дали очекува и дали постои можност за манипулација, пленарната седница да трае до недоглед. Мицковски вели имаме и за тоа стратегија.

„Бидејќи цело време тврдат дека имаат 80 пратеници потребни да се изгласаат измените, тогаш нема потреба да чекаме, уште утре нека закажат седница. Еве јас ги повикувам веднаш да закажат ако имаат 80 пратеници и нека изгласаат. Ако не ја закажат веднаш тоа значи дека немаат  80 и тогаш јас не гледам друга политика која оваа Влада би ја оправдала во нејзиното постоење и треба час поскоро да го распуштиме Парламентот и да одиме на парламентарни избори.“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски