Мицкоски: Уставни измени нема да има, текстот не е прифатлив

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се уште не знае како ќе настапи на седницата на Комисијата за уставни измени која се очекува да ја ја закаже Талат Џафери откако амандманите од Влада пристигнаа во Собранието, но партијата има јасен став како ќе се однесува по однос на целиот процес.

Ова го истакна лидерот Христијан Мицкоски кој по средбата со Сојузот на стопански комори уште еднаш потенцираше дека неговата коалиција нема да гласа за отворање на Уставот.

– Ќе имаме координација и ќе договориме наш настап, но ВМРО-ДПМНЕ има јасен став. Вакви уставни измени под бугарски диктат не се прифатливи. Власдата дополнително го усложни процесот што достави текст кој не само што не е прифатлив, туку дека е тотално неразумен. Ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на МАкедонија во процесот на членство во ЕУ.

Баш би сакал да го слушнам оправдувањето на Владата во кој дел од заклучоците на Советот на Европа и во кој дел од преговарачката рамка овој текст за уставни измени е содржан.

Не верувам дека Ковачевски ја разбира суштината на тоа што го коментира, тоа што му рекле тоа го зборува. Изминатиот период потпишуваа договори кои не беа општествено прифатени. Сега не можат да испорачаат и создаваат дополнителен проблем во евроинтегративниот процес.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи ова, а однесувањето на Комисијата за уставни измени ќе биде дефинирано на координација со коалициските партнери – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ваучерите се мал дел, по изборите ќе се шокирате од тоа што се правело

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов