Мицкоски: Технички премиер од ДУИ нема да имa ниту народен, ниту политички легитимитет

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека тие се подготвени да поддржат бришење на техничката Влада од Законот за Влада и од Изборниот законик. Според него, технички премиер кој би го предложила ДУИ ќе нема ниту народен ниту политички легитимитет.

-Затоа цениме дека техничката Влада предводена со таквото кадровско решение и самата техничка Влада треба да биде дел од минатото. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ, Македонија е зрела држава да се интервенира во Законот за Влада и Изборниот законик и оваа одредба која ја дефинира техничката влада треба да биде конечно избришана, рече Мицкоски, кој беше во посета на Македонски Брод.

Како ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, цениме дека на тој начин ќе им олесниме и на бизнисот и на граѓаните да не бидат сведоци на дневните препукувања и несогласувања кои ќе се случуваат во рамките на таа евентуална техничка Влада.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека во рок од една година, откако ќе дојде на власт ВМРО – ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари.

Што се однесува за проектот „Намалување на данокот на профит“, којшто го најави Мицкоски деновиве на трибина вели дека целта е Секторот за надворешна трговија од Министерството за економија да премине во Министерството за надворешни работи, со што ова министерство ќе прерасне во министерство за надрворешни работи и надворешна трговија. Забележа дека целта за овој чекор е ова министерство да врши промоција на нашата земја низ Европа и светот, како земја во која има најниски даноци на профит.

-Цениме дека голем дел од светските компании своите прифитни центри ќе ги донесат токму тука во Македонија, рече Мицкоски.

Посочи дека идејата е за секоја компанија која ќе направи профитен центар и ќе пријави профит до 20 милиони евра данокот да биде 10%, а доколку се реинвестира тој профит тогаш, како што вели Мицкоски, данокот би бил нула проценти. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека колку што ќе биде поголем профитот на овие странски компании, толку ќе се намалува и профитот, на пример за профит од над 50 милиони евра, данокот на профит ќе биде 5%.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

Мицкоски: Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

(ВИДЕО) Мицкоски објави видео по повод 35 години независност на Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ