Мицкоски свика седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свика седница на Извршниот комитет на партијата, потврдија извори за А1он.

Тие ќе разговараат за актуелната состојба поврзана со уставните измени. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во средата ја напушти собраниската седница на која се расправа за уставните измени, со образложение дека тие нема да дадат легитимитет за промената на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.

Седницата за уставните измени во Собранието по неколку неуспешни обиди вчера е презакажана за денеска.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски