Мицкоски: Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе репреговара со Софија за сите околности кои сметаме дека се асимилаторски

Од:

При денешната посета на општина Штип претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на отфрлањето на иницијативата за референдум, кои се следни чекори и што ќе се направи откако ќе дојде на власт истакна дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара сите околности за кои што сега ценат дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

„Па видите сега ние ако влеземе во еден вртлог на иницијативи а тој одбива, и тоа биде некоја тема тогаш сме ја испуштиле суштината, а суштината е како да го спречиме овој асимилаторски договор да нанесе штета на идентитетот на македонскиот народ, тоа е суштината и вратата на која што се отвора можноста да се направи асимилација на македонскиот народ е токму промената на Уставот. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи било каква промена на Уставот тоа треба да сте сигурни и сега кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција условно кажано но и наскоро од денеска кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Македонија, нема да поддржиме промена на Уставот и на тој начин отворање на вратата за асимилација на македонскиот народ која што директно значи удар врз македонскиот идентитет“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара сите овие околности кои што сега ценат дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

„Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и да ги репреговара овие околности кои што ние цениме дека се асимилаторски и се кочница за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ а не помагаат, да постигнеме еден вистински добрососедски договор кој што навистина ќе ги подобри односите кои што сега се на катастрофално ниско ниво помеѓу двата народа, македонскиот и бугарскиот и помеѓу двете држави Македонија и Бугарија“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски