(ВИДЕО) Мицкоски: Сите опции се отворени, одлуки ќе има по средбата со Заев

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште не одлучиле дали ќе се вратат во собраниските клупи. Новиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски заедно со пратеничката група даде изјава пред Собранието, од каде порача дека сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на попладневната средба со премиерот Зоран Заев.

„Имаме нов координатор на пратеничката група – тоа е Влатко Ѓорчев, откако Илија Димовски се повлече“, рече Мицкоски.

Тој негираше дека Димовски се повлекол поради незадоволство и за причините за одлуката упати да се побара одговор од него.

„На остататите пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, остануваат истите координатори“, додаде Мицкоски.

Инаку, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на денешното обараќање на претседателот на дрѓавата во Спобранието. Мицкоски оцени дека говорот на претседателот Ѓорге Иванов рече дека бил содржаен и ги опфатил сите теми.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски