(ВИДЕО) Мицкоски: Секоја среда пред владата ќе го изразуваме нашиот револт и ќе им го покажеме нивното место, на буниште

Од:

Едно големо „Уа“ за Зоран Заев, рече Мицкоски на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на Република Македонија и рече дека припадниците на МВР ја чуваат Македонија од тој натрапник кој се криел.

– Денеска почнуваме и одиме ширум Македониј. Секоја среда ќе сме пред Владата да го изразиме нашиот револт. Тој ќе биде изразен со мирни протести. Нема да бидеме како нив, да кршиме и фрламе, бидејќи ние ова го градевме, рече Мицкоски.

Тој ѝ замери на владата зошто не е отстранета оградата, иако ветиле дека ќе го направат тоа и запраша дали се плашат од народот.

– Излеговме зошто Македонија е обвиткана со црнила и темнина. Ќе се обединиме сите заедно за да ја урнеме оваа криминална власт. Година и пол ја уништуваат Македонија. Ветуваа „живот“, а донесоа „пекол“, рече Мицкоски.

Тој рече дека власта ја повлекла Комисијата за јавни набавки за да слклучува договори во 4 очи.

– По сите понижувања и распродажби на националните интереси, ние нема да ви дозволиме, ќе застанеме сите без разлика на нација. Ќе ви го покажеме местото во историјата. Вие припаѓате на буниште, тоа ќе ви го покажеме на следните предвремени или редовни парламентарни избори. По овие црнила доаѓа зората која носи надеж за подобро утре за нашите граѓани, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека владата ветувала дека ќе ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, а немале заковано ниту шајка.

– Се шетаа по телевизии и не убедуваа да гледаме низ нивните очила. Нема да ви дозволиле, нема да ве оставиме додека не ви го видиме тилот како ви излегува од овде. Не пониживте, ќе ве поразиме. Ќе изгрее зора на слободата. Сите ќе ви покажеме, Македонци, Албанци, Турци, сите, рече Мицкоски.

Тој кажа дека во неговиот живот најважни биле образот и честа.

– Секогаш кога ќе ги полните штабовите, кога ќе доаѓате до граѓаните и соборците, да им ја кажувате вистината. Нема да ветуваме тоа што не можеме да оствариме. Нема да донесеме чист воздух како што ветуваше некој политичар што сега се наоѓа во Владата. Но ќе ветиме 30 отсто намалување на загадувањето во сите градови, да го оттргнеме црнилото врз сите градови и села, рече Мицкоски.

– Чувствувам емоција, љубов, мотив за да го изодиме патот и да стигнеме до нашата цел – победа на редовни или предвремени избори кога и да се случат. Ќе дојде денот кога ќе одговарате сите до еден. Каде е министерот за внатрешни работи да излезе да каже за убиствата? Полесно му беше да ги апси пратениците, да пушта полиција околу штабот, да претресува возилата кои излегуваат од штабот, рече Мицкоски.

Тој рече дека за да има избори мора да се изборат.

– Ќе дојдат избори, еве доаѓаат претседателските. Ајде да победи нашиот кандидат. Тоа е првиот чекор кон остварување на нашата победа. До тогаш ќе бидеме на улиците, оти така ќе дојдеме до триумф. Ветувам дека ќе работам три пати повеќе од нив за да ги победиме, а ќе работиме пет пати повеќе за да ја исправиме Македонија на нозе, да не е клекната, рече Мицкоски.

Мицкоски упати порака до тие кои не се присутни, а ја поддржуваат партијата: „Ве повикувам сите да ни се приклучите, од сите нации и вери, да се обединиме и да ги поразиме овие кои се спроти нас. Ова не е битка за ден или за два. Ќе трае подолго. Ќе ви ветам дека сигурно ќе ги победиме. Ќе ги победиме и нивните поддржувачи кои останаа рамо до рамо со нив. Затоа ќе биде таа победа поголема. Зората ќе дојде.“

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања