Мицкоски се сретна со Орбан: Интеграција во ЕУ, но достоинствено и со зачувани идентитетски обележја

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта се сретнал со премиерот на Унгарија Виктор Орбан информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна ставовот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот се вели во информацијата од партијата.

Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Мицкоски му кажал на Орбан дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси.

Мицкоски и Орбан зборувале и за мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

Орбан бара Зеленски да ги повлече агентите од Унгарија

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

ВИДЕО: За реконструкција на Владата ќе разговара во периодот мај/јуни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО