Мицкоски се сретна со Хан и Пленковиќ на маргините на самитот на ЕПП

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на маргините на Конгресот на Европската Народна Партија оствари средба со еврокомесарот задолжен за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

На средбата Мицкоски нагласи дека стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е членство на Република Македонија во Европската унија и дека во таа насока Партијата ќе продолжи да дава значителен придонес.
Мицкоски го информираше Хан за „политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ“.

Во рамки на Конгресот на ЕНП, Мицкоски оствари средба и со Андреј Пленковиќ, Премиер на Република Хрватска, на која што двајцата соговорници разговараа за продлабочување на досегашната соработка и користење на хрватските искуства во процесот кон приближување на Европската Унија.

Вечерва Мицкоски ќе присуствува на Самитот на Европската Народна Партија каде што ќе се дискутира за изборот за кандидат за Претседател на Европската Комисија, каде што учество ќе земаат и претседателите, премиерите и лидерите на опозиција на најголемото и најмоќно политичко семејство во Европската унија

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица