Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари билатерална средба со претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган, на која била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

Според објавата на премиерот, на средбата било изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа.

„Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната. Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места“, стои во статусот на Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски вели дека претседателот Ердоган ја потврдил поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.

Во рамки на разговорите биле разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што била нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа