Мицкоски се сретна со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕоу

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Стефан Андоновски советник за меѓународна односи и дипломатија остварија средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕоу.

На средбата се разговараше за односите помеѓу двете држави, актуелната состојба во државата и можностите за соработка.

Мицкоски истакна дека односите помеѓу двете држави се исклучително пријателски, но има простор за дополнително продлабочување особено на полето на економијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираше заложбата на партијата за отворени економски односи и економска обнова, поволна бизнис клима која ќе ги привлекува инвеститорите од целиот свет.

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Мицкоски ќе биде фокусирана на економски развој кој ќе придонесе за подобар живот.

Сегашната состојба е разочарувачка, ниското ниво на инвестиции, и разорената економија создаваат зголемена сиромаштија и иселување на кое мора да му се застане на патот.

Мицкоски истакна дека новата Влада ќе вложи напори за остварување на стратешката цел а тоа е влез на Република Македонија во Европската Унија и забрзана патека по која ќе се движи преку коренити реформи и вложувања.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче