Мицкоски се сретна со Палмер: Антидемократски е формулирањето на референдумското прашање без компромис со опозицијата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес заедно со партиска делегација оствари средба со заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер.

На средбата Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно-политички план и се членството во НАТО и ЕУ, и развој на односите со САД.

„Мицкоски потенцираше дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Република Македонија стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека неодговорно, и антидемократски е што власта се одлучи на чекор да заобиколи компромис и одби да ги прифати аргументите на опозицијата во однос на формулирањето на референдумското прашање, кое треба да биде производ на општ консензус, а не едностран акт на парламентарното мнозинство“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со таквото однесување се нарушуваат демократските процеси, а од една одговорна влада се очекува соработка и принципиелен дијалог за вака едно чувствително прашање“ додаде Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е клучно за Република Македонија да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија, правна држава, а се со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија.

Соговорниците се согласија дека процесот на Евроатланска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

Кремљ објави: Трамп лично ќе го пречека Путин

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Десетици уапсени по одлуката на Трамп за распоредување на Националната гарда

Одредени ланци на супер маркети преку скриен маркетинг ги изигруваат законите, тоа нема да толерираме, вели Мицкоски

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев