Мицкоски се сретна со европратениците Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент, Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула.

На средбата се разговараше за актуелните општествено политички состојби и стратешки приоритети на Република Македонија за членство во Европска Унија и НАТО.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека е потребен политички дијалог за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата, а за негово воспоставување потребна е волја од владејачкото мнозинство.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи секое решение и реформски процес за кое ќе оцени дека е во интерес на државата и јакнење на демократски процеси, како доколку е во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е истакнато дека актуелната власт спроведува политички прогон врз граѓаните, како и врз пратениците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски ваквиот чин ја уназадува државата и го отежнува демократскиот процес.

Претседателот Мицкоски истакна голема загриженост за економската клима и состојба во Република Македонија која според сите макроекономски показатели се наоѓа во катастрофална ситуација од кога е на власт Социјалдемократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче