Мицкоски се сретна со Бартол: Во Македонија е загрозена демократијата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со делегација на НАТО, предводена од Горазд Бартол, шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија.

На средбата се разговараше стратешките приоритети на Република Македонија како што е побрза интеграција во НАТО, и други теми важни за регионот и за актуелната економска и политичка состојба во државата.

Мицкоски го информираше Бартол дека во Република Македонија сериозно е загрозена демократијата преку политичкиот прогон на неистомислениците и постојаниот притисок врз институциите од страна на власта. На полето на економијата Мицкоски изрази загриженост за катастрофалните економски политики на власта чија неспособност ја смеси државата убедливо на европското дно.

На средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги афирмираше ставовите на партијата дека стратешка определба на Република Македонија е полноправно членство во ЕУ и НАТО. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на својот став дека е потребно зачленување во НАТО алијансата.

Мицкоски посочи дека Република Македонија може да даде голем придонес на НАТО како гарант за безбедноста на регионот. ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секој процес кој е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес на граѓаните и Република Македонија потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО