Мицкоски се надева дека Македонија до крајот на годинава ќе продолжи достоинствено кон ЕУ

Од:

– Очекувам дека навистина ќе бидеме добри соседи и дека до крајот на оваа година ќе можеме и да го продолжиме нашиот процес на достоинствен начин, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев, која се одржа вчера во Баку.

-Ние се трудиме да градиме мостови со сите соседи. Не знам каков бил речникот на средбата, знам дека средбата поминала пријателски во добра атмосфера. Нашите аргументи се немилосрдни. Добив информација дека тие аргументи се презентирани на таа средба. Истото она што ние го правиме со нашите стратешки партнери му е предочено на господинот Радев и очекувам дека навистина ќе бидеме добри соседи и дека ова е навистина двонасочна улица и дека навистина до крајот на оваа година ќе можеме и ние да продолжиме со нашиот процес на достоинствен начин, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО).

Сиљановска Давкова вчера оствари средба со Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат