Мицкоски се кити со туги перја обвини Битиќи за германско-белгиската инвестиција

Од:

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи денеска преку социјалната мрежа „Фејсбук“ реагираше на објавата на премиерот Христијан Мицкоски за новата германско-белгиска инвестиција.

Битиќи наведува дека се работи за инвестиција што ја работела неговиот кабинет.

– Да, да: има разлика! Некој се „кити со туѓи перја“ и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка. Благодарност до ВМРО ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период.
Работа а не PR е потребна за нашата татковина да го доживее прогресот што го заслужува, напиша Битиќи.

Посочува дека заедно со „EPSOTECH“ има уште шест други инвестиции за кои се изработени договорите за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста кои од принципиелни причини и изборниот процес не биле обзнанени.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски